ВИДЕО: Напаѓачот на Челзи е светски рекордер – ВАР му поништи 16 гола во сезоната!

Сподели

Фудбалерите на Челзи го совладаа Саутемптон со 3:1 во седмото коло од англиската Премиер лига.

Мечот е особено интересен бидејќи на германскиот напаѓач Тимо Вернер му беше поништен шеснаесеттиот гол од почетокот на сезоната.

Да, да добро прочитавте….

Тимо Вернер го матираше противничкиот голман четири минути пред полувремето. Тој започна да слави, бидејќи не направи фаул, ниту беше во недозволена позиција, но судијата Мартин Еткинсон рече дека сепак ќе чека да се промени резултатот.

Неговиот соработник Мајк Дин донесе одлука да го поништи голот, бидејќи 18 секунди пред да се затресе мрежата, на другата страна од теренот, соиграчот на Вернер, Цезар Аспиликуета направил прекршок.

Така, по 16-ти пат во овие две сезони, Вернер доживеа дека неговиот гол не е валиден, што го прави апсолутен светски рекордер.

Потоа дојде израмнувачкиот гол на Ворд-Проус реализиран од пенал во 60. минута.

Но, набргу потоа Вернер постигна гол во 84. минута, прв во ова издание на Премиер лигата, а конечните 3:1 за Челзи ги постави Бен Чилвел во 89. минута.

The post ВИДЕО: Напаѓачот на Челзи е светски рекордер – ВАР му поништи 16 гола во сезоната! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico