ВИДЕО: Нова луда тројка на Дончиќ – Погледнете од каде погоди!

Сподели
 

 

Ниту Лука Дончиќ не може сам! Каква разочарувачка вечер за Далас… Маверикси претрпеа пораз од Бруклин на својот паркет откако водеа до две минути пред крајот на натпреварот. И на крајот потклекнаа.

фото:STREAMABLE.COM/PRINTSCREEN

Далас на тој начин го забележа 12-от сезонски пораз. Во текот на 42 и пол од можните 48 минути имаа резултатска предност, во еден момент предноста беше и  „+17“, но ништо од тоа не им беше доволно.

Во последната четвртина постигнаа мизерни 13 поени и тоа ги чинеше пораз од „супер-тимот“ од Бруклин, инаку досега најдобриот тим во Источната конференција.

Лука Дончиќ немаше доволно поддршка од соиграчите, па првата ѕвезда на Далас со 28 поени, 6 скока и 9 асистенции беше и блиску до „дабл-дабл“ и блиску до триумф.

Точно, и Дончиќ шутираше само 9/21, но во текот на мечот погоди нереални тројки, како оваа во последните секунди од првото полувреме….

Кај Бруклин, тандемот Кевин Дурент-Џејмс Харден го предводеше тимот во тандем. Дурент постигна 24 поени со седум скока, додека Харден подели 12 асистенции со 23 поени. Ламарк Олдриџ додаде 15 поени.

Кај поразениот Далас, Кристапс Порзингис имаше 17 поени и 12 скока, додека Доријан Фини Смит додаде 15 поени.

The post ВИДЕО: Нова луда тројка на Дончиќ – Погледнете од каде погоди! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico