ВИДЕО: Поради ова се оди во затвор – Светот е згрозен од очигледниот наместен натпревар!

Сподели
 

 

Последното коло од Втората колумбиска лига донесе неверојатно очигледен наместен натпревар.

За првото место се борea Форталеза и Унион Магдалена. Унион му гостуваше на Ланерос, а во 81. минута беше шокирана од домаќините. Судијата го продолжи натпреварот за пет минути, а домаќинот сепак имаше предност од 1-0 во 95. минута. А потоа дојде шоуто.

Унион Магдалена израмни, а потоа во следниот напад и поведе во ситуација кога сите 11 играчи на Ланерос стоеја неподвижни. Со оваа победа Унион Магдалена оди во Првата лига.

Форталеза одигра фер и загуби од Богота на домашен терен. Тренерот на Форталеза, Нелсон Флорез, се расплака пред камера.

Но, тогаш започнува приказната за овој натпревар. Прв се огласи фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо, кој напиша дека се срами што е Колумбиец.

Еден од фудбалерите на Ланерос се огласи на социјалните мрежи и рече дека играчите добивале смртни закани, плашејќи се за своите животи и тврдејќи дека нема местење.

Се огласи и колумбиската асоцијација на професионални фудбалери, а потоа за натпреварот се огласи и претседателот на Републиката, Иван Дуке Маркез.

– Ова не е само национална, ова е меѓународна срамота. Како не им е срам? Итно ќе покренеме истрага и виновниците ќе бидат санкционирани, кривично ќе одговараат – збесна претседателот на Колумбија.

Државните органи свикаа состанок и формираа специјална комисија која ќе испита што се крие зад натпреварот. Секако не е исклучена и забрана на промоцијата на Унион Магдалена во Првата лига.

The post ВИДЕО: Поради ова се оди во затвор – Светот е згрозен од очигледниот наместен натпревар! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico