(ВИДЕО) Нова МВП партија на Јакимовски со Вашингтон – Синот на Леброн може вода да му носи!

Сподели

Loading

Нашиот репрезентативец, Андреј Јакимовски кој настапува за НЦАА тимот на Вашингтон синоќа стигна до нова победа во лигата.

фото: WSU

Тие го продолжија победнички ритам откако ја запишаа 9-тата победа во последните десет натпревари. 

Стигнаа до 22-та победа во сезоната во Пацифик 12 дивизијата откако славеа над Јужна Калифорнија со 72-75, тим за кого настапува синот на Леброн Џејмс, Брони.

Јакимовски беше најдобар во своите редови со 18 поени, 3 скока и една блокада.

За 36 минути даде четири тројки, две слободни фрлања и четири поени од поле. Со 18 коша беше и неговиот соиграч, Ватс.

Синот на Леброн, Брони имаше вечер за заборав. Постигна мизерни два поени и направи четири лични грешки, па повеќе ја грееше клупата отколку што играше!!!!

Вашингтон е на второто место на табелата со 22 победи и 7 порази и има пораз повеќе од лидерите Аризона.

The post (ВИДЕО) Нова МВП партија на Јакимовски со Вашингтон – Синот на Леброн може вода да му носи! first appeared on .

The post (ВИДЕО) Нова МВП партија на Јакимовски со Вашингтон – Синот на Леброн може вода да му носи! appeared first on .

Powered by WPeMatico