(Видео) Ова се најдобрите голови од 1.коло во ЛШ

Сподели

Голот на Лука Модриќ во поразот на Реал Мадрид од Шахтјор со 2:3 на Бернабе беше прогласен од Уефа за најубав гол во воведното коло во Лигата на шампионите.

Хрватскиот репрезентативец ја прими топката на 25 метри од голот, се ослободи од двајца играчи на Шахтјор и потоа со страшен удар ја погоди мрежата за намалување на 1:3. Голманот на Шахтјор не се помрдна.

Ова беше 23-ти погодок за Модриќ во дресот на Реал во 349-от настап за Кралскиот клуб, а Винисиус Жуниор погоди за 2:3 во 59-та минута по само осум секунди поминати на теренот.

На крајот до победата стигнаа гостите од Украина за најголема сензација во ова коло од ЛШ.

Погледнете го уште еднаш голот на Модриќ:

The post (Видео) Ова се најдобрите голови од 1.коло во ЛШ appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico