Спорт

(ВИДЕО) Снимка кога го обиколи светот – Дете доби дрес од својот идол, а неговата реакцијата е бесценета!

Сподели:

Loading

Снимката од еден млад навивач на Ливерпул го обиколи светот.

Ливерпул го совлада Вулверхемптон со 2:0 во заостанатиот натпревар од 7.коло на Премиер лигата, а натпреварот остана во сенка на сцената која се случи на трибините по последниот судиски свиреж.

Имено, по средбата на овие екипи, во центарот на вниманието се најде еден млад навивач на Ливерпул, кој во текот на целиот натпревар даваше голема поддршка за својот сакан клуб.

Момчето носеше транспарент на кој пишуваше дека го сака дресот на својот идол Трент Александер-Арнолд и тоа го забележа менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Германецот направи одличен потег по мечот, му пријде на Арнолд и му рече да му го даде дресот на момчето и секако тоа го направи со задоволство.

Кога го доби идолскиот дрес, момчето падна во невиден транс. Скокаше од радост на трибините, не можеше да поверува што се случи.

Неговата искрена емотивна реакција ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот.

Погледнете ја оваа трогателна сцена:

The post (ВИДЕО) Снимка кога го обиколи светот – Дете доби дрес од својот идол, а неговата реакцијата е бесценета! first appeared on .

Powered by WPeMatico

Сподели: