Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ во Филхармонија 20 ГОДИНИ ,,ТРЕТА МАЈКА”

Сподели

ГОЛЕМИТЕ МАЈСТОРИ НА ГИТАРАТА, СВЕТСКИТЕ УМЕТНИЦИ ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И МИРОСЛАВ ТАДИЌ ПОСЛЕ ДОЛГО ВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ, А ЗА ПРВ ПАТ ВО АМБИЕНТОТ НА МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА!

20 ГОДИНИ ,,ТРЕТА МАЈКА” 1 ЈУНИ 20:30

20 години подоцна, кругот повторно се затвора. Едно од нашите највредни албумски изданија е секако, албумот ,,Трета мајка”. Оваа година, ,,Трета мајка” го објавивме на винил, а следниот чекор беше очекуван: многумина веќе ни пишаа и интересот за оваа најава постои уште пред нејзиното официјализирање денес.

Со голема доза на задоволство ви најавуваме дека Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе го свират ,,Трета Мајка” и, се разбира, ,,Крушево” во живо во Скопје, на 1ви јуни во Македонска филхармонија, со почеток од 20:30 часот.

Тоа ќе биде впрочем и нивен прв настап во Македонска филхармонија, додека во Скопје одамна немаат свирено заедно.

Влезниците се пуштени во продажба од 9-ти април, онлај на ticketx и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од:

1.500 денари и
1.990 денари