ВЛЕН: Најтопли желби за лесен и прифатен рамазански пост

Сподели

По повод почетокот на светиот месец Рамазан, коалицијата ВЛЕН упатува најтопли желби за лесен и прифатен пост. Овој благословен месец е период на размислување, посветеност и пожртвуваност, каде што вредностите на солидарноста и милоста добиваат посебно значење.

Рамазан не потсетува на важноста на социјалната правда, еднаквоста и поддршката за најслабите, принципи кои се во основата на нашиот политички ангажман. Како дел од владата, ВЛЕН е посветена да работи за поправедно, поеднакво општество со еднакви можности за сите граѓани, без разлика на нивната припадност.

Се молиме овој месец да донесе мир, хармонија и просперитет за вашите семејства и за целото наше општество. Нека послужи како инспирација за изградба на посветла иднина за сите.

Лесен и прифатен пост!