Алтернатива Македонија Настани Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ денеска на протест за Гоце Делчев

Сподели:

 

Денеска од Министерството за правда, мостот “Гоце Делчев” до МНР, со почеток од 18.30 опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно излегува на протест, а по двата на кои се изрази незадоволството против поскапувањето на струјата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, денешниот ќе биде за Гоце Делчев за кој се спори во мешовитиот комитет составен од комисиите на македонски и бугарски историчари.

Од партијата тврдат дека станува збор со трговија со македонскиот идентитет од страна на власта, преговарајќи за ликот и делото на Гоце Делчев.

“Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите.

Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови.
Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно.
Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат.

Ова е протест на народот, целта е ЗА ЕУ, ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА ДЕЛЧЕВ.
Гоце е црвената линија за нашето достоинство.”

 

Сподели: