ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од партијата осумте пратениците кои гласаа „за“

Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференцијата која ја одржа на полноќ во партиското седиште, соопшти дека извршниот комитет на партијата донел одлука да ги исклучи од партијата седумте нивни членови кои вчера гласаа за пристапување кон уставните измени.

Христијан Мицкоски ги прочита имињата на пратениците Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Љубен Арнаудов и Зеќир Рамчиловиќ.

“Денеска е црн петок , најцрн ден во историјата на Македонија ” изјави Мицкоски.