ВМРО-ДПМНЕ од утре со блокади во Скопје и 10 градови во Македонија

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ од утре започнува со блокади на крстосниците во Скопје и во десет други градови низ земјава. Блокадите ќе траат секој ден од 15 до 17 часот, најавувија од партијата.

Со блокадите опозициската партија сака да ја принуди власта јавно да соопшти за што преговара со Бугарија и какви отстапки се нудат. Од Владата се бара јавно да го објави докуменот, т.н. патоказ, за кој, како што беше речено на брифингот, со Софија преговарале премиерот Зоран Заев и владиниот специјален пратеник за Бугарија Владо Бучковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека доколку не се прифатело барањето кое се однесува на „патоказот“, ќе се организирале и други уште поголеми протести, како и низа други активности во организација на партијата.

Во Скопје ќе се блокираат крстосниците кај Мавровка, Собранието и кај зградата на поранешна „Нова Македонија“, и јавноста ќе биде информирана секој ден за протестите.