Вести Македонија Ударни вести

ДЗСИ ја задолжи ПЗУ „Синлаб“ да постапува по Правилник за собирање медицински отпад

Сподели:

 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат даде задолжување на ПЗУ „Синлаб“ да врши собирање, селектирање и пакување на медицинскиот отпад како што е регулирано со Правилникот за начинот на постапување со медицинскиот отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад.

„Со оглед на тоа дека законодавецот предвидел глоба за правните и физичките лица, како и за одговорните лица во правните лица кои постапуваат спротивно на одредбите од овој Правилник, следи и спроведување на прекршочни санкции за сторителите на прекршокот“, соопшти ДСЗИ.

По извршените вонредни инспекциски надзори на ДСЗИ во соработка со Инспекторатот на град Скопје е констатирана состојба на лице место дека од страна на ПЗУ „Синлаб“ бил одложен медицински отпад во сини кеси за комунален отпад во контејнери за комунален отпад.

Сподели: