ВМРО-ДПМНЕ: Работењето на СЈО да го испитува анкетна комисија

Сподели

 

Група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднела предлог за основање Aнкетна комисија за утврдување и прекршување на законите во работењето на СЈО.

„Комисјата треба да го утврди начинот на материјалното и финансиско работење на обвинителството, како и вработувањата. Претседателот и потпретседателот на комисијата ќе бидат избрани од собраниската комисијата за избор и именувања. На комисијата ќе бидат пооканети експерти и сведоци кои ќе говорат за работењето на СЈО“, стои во предлог одлуката на ВМРО-ДПМНЕ.

Според предлогот, „Анкетната комисија ќе треба да утврди како се трошеле 15-те милиони оддвоени од буџетот за СЈО, како сега веќе разрешената специјална обвинителка Катица Јанева давала наредби од притвор, дали примањата во СЈО биле сразмерни со учинокот, како и тоа како се трошеле донации од странски амбасади“.