ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со температура од 28 до 36 степени. Поради високите температури вдолж Повардарието ќе биде активиран жолт метеоаларм.

Во Скопје, сончево и многу топло. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во среда попладне ќе настапи значителна промена на временската состојба проследена со засилен ветер и опаѓање на температурата во северните делови. Во југоисточните делови сѐ уште ќе биде активиран жолт метеоаларм за високи температури.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и во петок.