Во април и мај се очекува нова пратка на вакцините „Спутник В“, „Синовак“ и “Фајзер”

Сподели

 

Србија вчера на земјава и ги испорача првите 20.000 вакцини „Спутник В“ од втората донација, а во наредниот период се очекува да пристигне и останатата договорена количина од уште 20.000 „Спутник В“. Но, како што најави премиерот Зоран Заев, државата ќе набави и 500.000 „Синовак“.

Во текот на овој месец, од ЕУ треба да стигнат првите 20.000 – 25.000 вакцини од вкупно 100.000, сите 200.000 кинески вакцини, следните количини „Спутник В“, како и вакцините „Фајзер“ од кои имаме нарачано 800.000. Со набавката на 500.000 „Синовак“, ќе се заокружи бројката од 2,6 милиони вакцини за 1,3 милиони граѓани, изјави премиерот Заев.

-Верувам во сите вакцини и сакам да го охрабрам нашиот народ. Дефинитивно треба да ја прифатиме секоја вакцина, како доаѓа редот и протоколот. Кога ќе дојдеме на ред, јас, моето семејство, колегите од Владата, која вакцина ќе биде на ред, таа, вакцина ќе ја примиме, изајви Заев.

Масовна имунизација е предвидено да се врши во салата „Борис Трајковски“ каде дневно ќе се вакцинираат по околу 5.000 граѓани. Според министерот за здравство Венко Филипче, подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање, а согласно планот, ќе се работи во две смени, од 08:00 до 20:00 часот.