Вести Македонија Свет Топ теми Ударни вести

Бугарски есксперти за сигурноста на патот и поставените знаци

Сподели:

 

По вчерашната автобуска несреќа во близина на бугарскиот град Перник, експерти и искусни возачи коишто ја користат делницата на автопатот „Струма“ поставуваат многу прашања за сообраќајната безбедност и знаците на патот.

Димитар Илиев, експерт по патна безбедност за bTV Novinite, утрово ја анализираше патната делница. Тој рече дека е многу важно да се поставиме на местото на возачот на автобусот и што тој во моментите пред сообраќајната несреќа гледал на патот. Според него, сите го гледаат само место на несреќата, додека Илиев вели дека треба да се погледне конфигурацијата на патот и пред локацијата каде што се случи несреќата.

На 500 метри пред локацијата на несреќата, на автопатот има знак за ограничување на брзината на движење на автобусот од 120 километри на час, раскажува Илиев.

Во емисијата, тој додава дека на точно 500 метри пред местото на инцидентот не се гледа знак што ги информира возачите дека следи зона за одмор, на која што всушност се случила сообраќајната несреќа. Во анализата на Димитар Илиев, направена врз основа на снимки од Гугл Мапс на самиот автопат, тој вели дека пред самата локација за одмор имало едиствено сообраќаен знак за вињети, но не и информација дека следи одвојување од патот за сопирање на возилата.

Пред самото место на случување на сообраќајната несреќа, има „слаби остатоци од двојна полна линија“, анализира Илиев. При дожд и во ноќните часови, таа линија е прашање колкав светлечки знак испраќала до возачот.

Крум Дончев, четирикратен рели шампион на Бугарија, во истата емисија дава критика за сообраќајните ознаки на патот на лице место каде што се случија автобуската несреќа.

„Во последниот момент човекот (н.з. возачот) видел знак за чешма и некакво разгранување, има колебање дали да оди лево или десно. Јавно пред него се покажува уште еден знак, којшто сепак е поставен неправилно, поставен е многу високо, а згора на тоа има поставено и налепница за реклама“, вели Дончев.

Сподели: