На 28 мај 2026 година, во просториите на кино салата “Мис Стон”, со почеток од 19 часот, ќе се одржи Настан во чест на ликот и делото на големиот актер Дарко Дамески. Поводот за овој настан е одбележувањето на јубилејни 55 години од добивањето на престижната награда „Златна арена“.

На настанот свое обраќање ќе имаат Престедателот на Ротари клубот г-дин Орде Ѓоргијоски, раководителот на НТП ,,Војдан Чернодрински“, г-дин Михајло Миленкоски и Симеон Мони Дамевски, театарски и филмски продуцент, син на Дарко Дамески.
На отворањето на изложбата, ќе се прикаже омажот за Дарко Дамески, изработен од Горан Марковски и ќе се прочита интервјуто “Златото се вика Дарко Дамески”, кое било објавено на 4 Септември 1971 година во списанието o„Екран“, од авторот Васил Пујовски.
Проекцијата на филмот ,,Црно семе“ од режисерот Кирил Ценевски, за која улога актерот Дарко Дамески ја добил наградата Златна Арена на фестивалот во Пула, ќе се прикаже како централен дел од настанот.
Овој настан е поддржан од Ротари клубот од Прилеп. Изложбата е во сопственост на НУ Театар Комедија – Скопје, додека идејата и иницијативата се на Саша Шотаровски.
Изработката на фотографиите е дело на Виктор Семенпеев од „Софија Принт“ во Скопје, а дизајнот на плакатот и поканите го изработи внуката на актерот, Бојана Чаминска Тиноко.


