Вести Свет

Во израелските затвори, затворени 350 палестински деца

Сподели:

izrael

РАМАЛА (AA) – Во затворите во Израел се наоѓаат 350 деца Палестинци, меѓу кои 12 девојчиња, јавува Anadolu Agency(AA).

Во писменото соопштение од страна на Здружението на палестински затвореници по повод „20. ноември, светскиот ден на децата“ се истакнува дека моментално во израелските затвори се наоѓаат 350 приведени или осудени палестински деца под 18 години. Од нив 12 се девојчиња.

Во соопштението се додава дека во Палестина, од почетокот на „граѓанските немири“ во 2015 година па сè досега, од страна на израелските сили биле приведени над 2.000 деца, од кои повеќето били пуштени на слобода.

Во врска со ставот на израелската Влада кон палестинските деца се истакнува дека истата врши кршење на правата и кривични дела: стрелање со куршум на директен и намерен начин, оставање деца во ќелиите без леб и вода, вршење вербално и физичко насилство, заплашување, принудување за признавање и сведочење со сила.

– Казни за децата над 10-годишна возраст –

Во соопштението на Здружението се вели: „Израелските судови имаат доделено доживотни казни за децата над 10-годишна возраст“, исто така се потенцираше дека овие деца се држат во затворите Офер, Магидо и Хашарон.

Во затворите низ Израел има околу 7.000 Палестинци.

Сподели: