Вести Македонија Ударни вести

Во ковид центрите се лекуваат 1.275 пациенти, има слободни околу 230 болнички кревети

Сподели:

 

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.275 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 780 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 91 во ковид центарот во Гостивар 58, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 11, Кавадарци 54, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството за здравство велат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“ велат од ресорното министерство.

Во ковид центрите во главниот град пак, во изминатите 24 часа хоспитализрани се 40 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември“ велат од Министерството за здравство, од каде додаваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клiниката за Неврологија, шестмина на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и двајца на Очната клиника. На ОРЛ се примени три нови болни, а во ковид центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија еден пациент.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 13 болни.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 146 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.

Во изминатите 24 часа од болничко лекување дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Сподели: