Вести Македонија Ударни вести

Судската такса за физички лица ќе се ограничи до 6.000 денари

Сподели:

 

Владата го достави до Собранието предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судските такси со кој се врши градација на висината на судската такса што ја плаќа таксениот обврзник за поднесување на тужба, противтужба и за предлог за повторување на постапката во зависност од тоа дали истиот е правно лице или физичко.

Со измените висината на таксата за физички лица се ограничува најмногу до 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот наместо досегашните 48.000 денари.

„Донесувањето на закон за изменување и дополнување на Законот за судските такси произлегува од потребата за обезбедување на услови за олеснување на пристап до правдата преку намалување на горниот праг на висината на судската такса за физички лица таксени обврзници при поднесување на тужба, противтужба и предлог за повторување на постапката пред суд. Исто така измената која се предлага е согласно основната намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и е во духот на реформите во областа судство и негово натамошно унапредување“, пишува во предлог законот.

Сподели: