Во Македонија загаденоста на воздухот и денеска е на алармантно ниво

Сподели

Во Македонија загаденоста на воздухот и денеска е на алармантно ниво. Според податоците од мерните места, високо ниво на загаденост со ПМ 10 честички е регистрирано во Скопје и во Кавадарци.

 Според мапата направена од Еко експертс за најзагадени земји во светот, Македонија е рангирана  на 17 место на листата 20 најтоксични земји. Зад неа се само Сингапур, Ирак и Кина.

Од регионот, на листата се наоѓаат само две земји, Бугарија и Босна и Херцеговина. Критериумите според кои се мери токсичноста се аерозагадувањето, смртните случаи и емисиите на ЦО2. во истражувањето беа вклучени вкупно 135 држави.