Во мисијата на НАТО во Косово ќе учествуваме со еден вод и штабен персонал

Сподели

 

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за учество на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР, и го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година, и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на Република Северна Македонија во операцијата на НАТО во Косово – КФОР најдоцна до 15.12.2020 година.