Алтернатива Настани

Национална Галерија со ликовен online проект „Го сакам мојот роден крај “

 

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА – Чифте амам „Го сакам мојот роден крај “ #ГоСакамМојотРоденКрај, 1.септември

Драги деца од сите страни на светот, Националната галерија Ве поканува да учествувате во најновиот ликовен online проект насловен како „Го сакам мојот роден крај “.

Во проектот можат да земат учество сите деца кои живеат во некоја странска земја, кои не се со постојан престој во Македонија и кои оваа година не се во можност да ни дојдат во посета.

Проектот ќе биде отворен во текот на целото лето за деца на возраст од 4-17 год. Темата и мотивот на ликовниот проект треба да биде врзана за се она што ја одбележува Македонија, нејзината култура и традиција. На конкурсот може да се достават секаков вид уметнички дела, нема ограничување во поглед на креативните техники. Со помош на дигиталните медиуми ќе можете да ни ги праќате вашите креации и пораки за се она што Ве врзува со родниот крај. На свој ликовен јазик покажете го богатото минато на Вашите претци, зголемувајки го националното чуство и сплотувањето на многуте деца од сите страни на светот со заеднички корен.

Вашите креации може да ги доставите на marketing.ngm@gmail.com или да ги објавате на социјалните мрежи Фејсбук и Истаграм , при тоа тагнете ја Национална галерија и во објавата употребете го хаштагот на проектот „Го сакам мојот роден крај “ – #ГоСакамМојотРоденКрај. Испратените слики, цртежи, видеа ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Националната галерија, Фејсбук и Инстаграм. Учествувајте и следете не!

Сподели: