Алтернатива Настани

Во Скопје се снима краткиот игран филм “Зајко” во македонско-хрватска копродукција

Сподели:

 

Деновиве на неколку локации во Скопје се снима краткиот игран филм со работен наслов “Зајко”, кој е во македонско-хрватска копродукција а во режија на хрватскиот режисер и сценарист Марко Чавка и македонскиот режисер Бранко Попчевски.

 

 

Сценариото е на Марко Чавка. Актерската екипа ја сочинуваат нашите познати актери Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата- актери Адреин Гане Боирал и Анастасија Аневска.

 

 

Станува збор за емотивна приказна која ги опфаќа социјалните разлики и различнте аспекти на идеологијата во современиот свет.

 

Сподели: