Мицкоски: Што е лошата вест? Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат 0 денари

Сподели:

“Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, негодуваа, клеветеа, пласираа лажни информации, а молчев. Не сакав да зборувам, затоа што оставав сето тоа што претставуваше навистина посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент и за граѓаните во тие градови.

Што е лошата вест? Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат нула денари. Слободно можете да проверите во Отворени Финансиии. Сѐ е организирано од општествено одговорни компании, така што јас жалам што кај поединци Фројд работи, што мислат дека како тие што би правеле, така и некој друг прави. Но, ова е домаќинска Влада, ова е промакедонска Влада којашто се грижи за граѓаните, пронародна, и секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин.

Лошата вест, уште еднаш ќе повторам за нив, е дека се потрошени 0 денари буџетски средства за организација на сите овие настани, а сепак имавме незаборавно лето.“ – рече Мицкоски

Сподели: