Во Турција запленети канцерогени играчки од Кина

Сподели

Турските власти заплениле 19 тони детски играчки увезени од Кина, изработени од канцерогени материи. При анализата било утврдено дека играчките содржат тешки метали и се обоени со бои кои се користат за кожни производи, а не за играчки наменети за деца. Играчките немале сертификат за квалитет, пренесе МИА.

Опасните играчки ќе бидат уништени. Ова е втор ваков случај, откако во 2015 година во Турција беа откриени 10 тони играчки кои содржеле тешки метали и канцерогени материи.