Вести Македонија Ударни вести

Владата одобри помош од 6 милиони денари за пожарите во Австралија

Сподели:

 

Владата денеска ја одржа редовната втора седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа седница Владата донесе одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во висина од 6.000.000,00 денари за доделување на помош за настраданите од пожарите кои ја зафатија Австралија.

 

 

Исто така Владата денеска ја усвои Предлог – програмата за развој на туризмот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација во Република Северна Македонија за тековната година.

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на седницата е усвоена и Програмата за заштита на природата за 2020 година, како и Програмата за рамномерен регионален развој за оваа година на Министерството за локална самоуправа.

Согласно законските обврски за донесување на програмите за работа на почетокот на секоја календарска година, на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, се усвоени Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, Програмата „Здравје за сите” за тековната година, Програмата за рана детекција на малигни заболувања и Програмата за трансплантација во Република Северна Македонија за 2020 година.

Сподели: