Враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите

Сподели

Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев најавува дека наскоро ќе бидат предложат законски измени со кои ќе се бара воведување на ограничен судиски мандат по примерот на уставните судии и воведување на кривична одговорност за судиите кои нема да ги применат или ќе ги злоупотребат законите.

Една од причините за внатрешната пропаст на Византија, меѓу другото, е и фамозното СЛОБОДНО СУДИСКО УВЕРУВАЊЕ кое е непресушен извор на корупција.

Кога на ова ќе го додадете и ТРАЈНИОТ СУДИСКИ МАНДАТ, вие добивате привилегирана каста која е недопирлива и не ја фаќа закон (не можете да ја тужите и не одговара за ништо)!

Она што ни треба како општество е воведување ограничен судиски мандат (од девет години, по примерот на уставните судии) + враќање на југословенскиот модел за КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ на судиите во случаи на непримена, изигрување или злоупотреба на законите (in fraudem legis).

И да знаете дека ова ќе биде предложено од нашата пратеничка група во блиска иднина, преку рогација на Кривичниот законик. Оваа судиска неодговорност на корумпираните еднаш ќе мора да запре!, напиша Апасиев на ФБ,