ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе има повремено провејување на снег, особено во североисточните делови на земјата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.

Дневните температури во Македонија ќе достигнат од -5 до 5 степени: Скопје 3, Крива Паланка 0, Маврово -5, Охрид и Битола 1, Кавадарци 3, Берово -1, Дојран 5.

За наредните три дена временската прогноза е сончево и студено време со слаб до умерен северен ветер и дневни температури од -2 до 6 степени.