ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните подрачја ќе има врнежи од дожд, со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 12 степени, а дневната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината утринската ќе се движи од 9 степени а дневната до 20 степени.

 

 

 

За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд во западните и јужните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец.