ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје, во утринските и во претпладневните часови ќе има магла. Температурата ќе се движи од 0 до 14 степени.

 

 

 

 

Наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер, појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.