Хороскоп

Неделен хороскоп: 23. април – 29. април

Сподели:

OВЕН

На Овновите кои се во брак им следи добра недела со партнерот. На слободните може да им се допадне некоја личност со која работат заедно. Задоволни сте со финансиите. Помалку сте под стрес заради работата. Оваа недела треба да ви биде приоритет состојбата на организамот. Направете барем основни анализи.

 

БИК

Доколку сте во долга врска, партнерот може да ве изненади со некој подарок. Ќе флертувате оваа недела. Покрај редовните приливи, може да добиете и некоја дополнителна заработка од хонорарна работа. Одлично време е за промена на работно место. Сѐ ќе ви оди од рака оваа недела, па искористете ги добрите аспекти. Платетете ги сметките на време.

 

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате дека од сите страни ќе добивате информации и понуди за работа. Прашање е само каде ќе се насочите и што ви е приоритетно. Некои припадници на овој знак ќе отворат прашања кои се од областа на филозофијата. Битни ви се контактите. Одлична недела за работа, па затоа фокусирајте се на успехот.

 

РАК

Не сакате да влегувате во врска оваа недела, само сакате да одржите ист статус. Имате мноштво обврски кои на некој начин морате да ги испочитувате, но роковите ви се кратки. Се грижите дали ќе стигнете на време, но ќе успеете ако добро се организирате.

 

ЛАВ

Засега сте во некои фантазии за идеална врска, како и за потенцијалниот партнер со кој може да ја остварите. Свесни сте дека можеби такво нешто не е можно, но тоа не ве спречува да продолжите да мечтаете. Зафатените припадници на овој знак ќе уживаат со партнерот, а слободните може да очекуваат ново познанство.

 

ДЕВИЦА

Оваа недела е резервирана за работа и некои нови други нешта. Вредни сте и посветени. Вие работите многу и се вложувате потполно себеси во се што ќе започнете, па може да очекувате и добри резултати. Одговорни сте, па затоа си преземате и туѓи обврски, но гледајте да не се префорсирате.

 

ВАГА

Љубовните контакти ви се битни оваа недела. Со оглед на тоа дека уживате во флертот, овие се ваши моменти. Наидувате на многу личности кои ви приоѓаат со различни интереси, а тоа кај вас предизвикува да се докажете во своите освојувачки способности.

 

ШКОРПИЈА

Ќе ве изненади некој повик од странство. Некои пријатели за кои сте мислеле дека ве заборавиле одлучиле да ви се јават. Слободното време треба да го поминувате со семејството. Романтични сте и сензуални, па затоа треба да уживате во љубовта и флертот.

 

СТРЕЛЕЦ

На некои припадници од овој знак оваа недела им е битна за работата. Може да биде и позитивна и негативна, она што е битно дека парите ќе стигнат крајно неочекувано. Добро се чувствувате и се ви оди од рака, особено ако правите некои нови работи. Можна е нервоза заради некои сметки во текот на неделата, но и тоа ќе го решите.

 

ЈАРЕЦ

Вашиот примарен интерес кога се работи за иднината и сите планови кои ги имате, се парите. Околу нив сѐ се врти, па и тоа на каде ќе ги насочите своите активности. Се обидувате таа мисла да си ја ставите како водилка за сѐ што правите. Сѐ е идеално во љубовта, ако сте зафатени. Кај слободните јарци можно е ново познанство.

 

ВОДОЛИЈА

Многу сте подложни на влијанијата од околината, па затоа треба малку да се позанимавате со избирање на личностите со кои ќе комуницирате. Треба да се дистанцирате од сите кои вашата добрина сакаат да ја искористат. Не им помагајте премногу на другите, гледајте прво за себе.

 

РИБИ

Свртени сте кон некој свој свет, поточно анализирање на себеси, и она што посакувате. Засега само уживајте во убавите работи кои со љубов ги добивате. Ако сте слободни, на патувањето е можно нешто повеќе од познанство.

Сподели: