ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура  од 22 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура до 15 степени, а дневната ќе достигне до 31 степен.

И во следните денови во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Утре поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови.