7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА – Од денеска следува период на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси.

На локално ниво се најавуваат поројни дождови, силен ветер и грмежи, а не се исклучени и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на врнежи од град.

Температурите ќе се движат од 28°С и 31°С степени во котлините од западниот и северниот крај,  додека ширум повардарието температурите ќе бидат од 32°С до 35°С степени.

Во главниот град и околината се очекува помала облачност утрото, која попладне ќе донесе нестабилно време со локален пороен дожд, засилен ветер и почеста појава на грмежи. Температурата ќе биде до 33°С степени.

Сподели: