ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време со температура од 16 до 30 степени.

Според УХМР, во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локален краткотраен дожд, особено во среда.