Во Скопје во попладневниот дел најавуваат нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално со услови за појава на град. Температутрата ќе се движи до 31 степени.
И утре во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Потоа следува период на стабилно време и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.