ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 1 до 9 степени, а максималната од 22 до 27 степени. Во Скопје претежно сончево со температура од 7 до 25 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и суво време, со дневни температури над просекот за овој период од годината.

Од сабота ќе започне да дува повремено засилен северен ветер, а од недела ќе преовладува променливо облачно, ветровито и постудено време со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне до максимум 15 степени.