ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветер од југоисточен правец. Tемпературата ќе се движи од 2 до 20 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен денеска кога се очекуваат пониски утрински температури.

Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд.