ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб претежно источен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 4 степени, а дневната ќе изнесува од 14 до 22 степени.

До крајот на следната недела ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра, а до вторник наутро ќе има услови за магла по одделни котлини.

Од среда ќе почне да дува северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините, со услови опаѓање на дневната температура.