ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 39 степени. УВ=9

 

 

Во Скопје, сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 390 степени.

До среда ќе се задржи многу топло време. Во среда попладне и во четврток во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.