ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќебиде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец.

 

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 11 до 18 степени.

По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во четврток од северозападен, а потоа од јужен правец.