7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните и јужните делови.

Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица.

Утринската температура ќе се движи од -7 до 1, а дневната од -4 до 3 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде -3, а дневната 0 степени.

Во среда минималната низ котлините минималната температура ќе има вредност помеѓу -5°С и 0°С, а на повисоките места околу -7°С. Во четврток утрото ќе биде за 3 степени постудено.

Преодно наоблачување се очекува во последниот ден од работната недела. Од оваа облачност има изгледи за слаби и повремени локални врнежи, пред сѐ во северниот регион. Темпераурата ќе биде во пораст, пред се во поглед на минималната температура, која би била значајно повисока во однос на четвтрток.

Сподели: