ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.УВ-индекс 9.

 

 

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Во петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.