7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд претпладне, а на планините ќе врне повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла и ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 степени, а дневната од 2 до 9 степени.

Следува период на променливо облачно време со слаби врнежи од дожд на пониските места, а на планините ќе врне снег.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а веќе од вторник, особено во западните и јужните делови, се очекуваат повеќе врнежи. По котлините ќе има појава на магла.

Сподели: