7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде облачно, претпладне со дожд и снег на пониските места, пообилни ќе бидат во источните делови, а во попладнвните часови постепено ќе престануваат.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а дневната од 0 до 8 степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 5 степени.

Нов студен и влажен бран ќе има во петок кога ќе има пообилни врнежи, особено во јужните делови. Заради заладувањето врнежи од снег ќе има и во некои пониски места каде што ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.

Сподели: