Алтернатива Настани

„Роман на годината“ – 36 романи во конкуренција за наградата

Вкупно 36 романи се во трка за престижната награда „Роман на годината“ на годинашниот јубилеен 20-ти конкурс.

Како што соопштуваат од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која ја доделува оваа награда, жири-комисијата во состав Фросина Пармаковска, минатогодишна лауреатка на ова признание и воедно претседателка на жири-комисијата, Богомил Ѓузел, Сашо Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата).

Од Фондацијата исто така информираат дека извадоците од романите ќе се објавуваат на сајтот okno.mk, почнувајќи од 1 февруари.

Сподели: