ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе преовладува променливо облачно, а од изутрина најпрвин во западните делови и потоа на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе се менува од јужен во североисточен.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен источен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Времето во среда ќе биде претежно облачно со врнежи кои ќе започнат од југ и таму ќе се и поинтензивни, а потоа ќе се прошират кон север со послаб интензитет.

Врнежите ќе започнат како дожд а до крајот на денот ќе преминуваат во снег понекаде на повисоките места особено на југозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер.