ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, попладне претежно во западните делови со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 10, а дневната од 10 до 21 степени.

Во Скопје слично време, умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе се искачи до 21 степени.

Во понеделник на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Се очекува следните денови да преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, како и пораст на дневната температура.