ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од -1 до 7 степени, а максималната температура од 12 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, попладне проследено со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 16 степени.

Утре и за време на викендот ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Од понеделник попладне се очекуваат нови локални врнежи од дожд.