Алтернатива Настани

“Очи во очи со непознат” во Градски парк Скопје

Сподели:

Градски парк, „Очи во очи со непознат“, 21. април

Велат очите се прозор на душата. Ова е дефинитивно настан кој го потврдува тоа. На кратко, Визуелниот Експеримент е глобален настан кој ја промовира човечноста и нашата изгубена врска со самите себе, и помеѓу себе. Често слушаме (и чуствуваме) како сме осамени повеќе од било кога, покрај сите социјални медиуми кои ги користиме. Целта на овој настан е да го измени статус квото и да не потсети на најчистата и најискрена форма на не вербална комуникација – очи во очи.

Седиме на Земја, ги ставаме телефоните настрана и за најмалку 60 секунди го споделуваме контактот очи во очи со целосно непозната личност наспроти нас. Без зборување.

Звучи малку страшно…и ако не сте го пробале до сега навистина и е. Но ќе откриете дека ова е една од најдобрите и најчисти работи која можете да ја споделите.

Ако останувате подолго и сакате да ви приоѓаат луѓе, препорачливо е со себе да понесете черга, перниче или нешто на што ви е пријатно да седите. Постери се исто добредојдени.

Настанот ќе се случува околу јапонската цреша, во близина на голема корпа со љубичици во стариот дел од Градскиот Парк.

Сподели: